Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Бразил на СП во Катар со Нејмар и ветеранот Дани Алвеш, но без Фирмињо и Кутињо

/

пред 1427 дена

Сподели преку :

Селекторот на фудбалската репрезентација на Бразил, Тите го објави конечниот список со 26 играчи за претстојното Светско првенство во Катар.

„Кариоките“, кои за многумина се најголеми фаворити за титулата, ќе бидат предводени од Нејмар, меѓу партниците на Мундијалот се и Габриел Жезус и ветеранот Дани Алвеш, но затоа ги нема Фирмињо и Фелипе Кутињо.

Дури 16 од повиканите фудбалери ќе дебитираат на Светските првенства.

Конечен список на Бразил за СП 2022

Голмани: Алисон (Ливерпул), Едерсон (Манчестер сити) и Веверсон (Палмеираш)

Одбрана: Тиаго Силва (Челзи), Маркињос (ПСЖ), Едер Милитао (Реал Мадрид), Алекс Сандро (Јувентус), Данило (Јувентус), Алекс Тељес (Севилја), Бремер (Јувентус), Дани Алвеш (Пумас).

Среден ред: Лукас Пакета (Вест Хем), Каземиро (Манчестер јунајтед), Фред (Манчестер јунајтед), Бруно Гимараеш (Њукасл), Фабињо (Ливерпул), Евертон Рибеиро (Фламенго).

Напад: Нејмар (ПСЖ), Винисиус Жуниор (Реал Мадрид), Родриго (Реал Мадрид), Рафиња (Барселона), Антони (Манчестер јунајтед), Ришарлисон (Тотенхем), Габриел Жезус (Арсенал), Педро (Фламенго), Габриел Мартинели (Арсенал).

Бразилците во текот на наредната недела ќе се соберат во Торино, каде ќе тренираат пет дена во тренинг центарот на Јувентус, по што ќе се упатат кон Катар.

Бразил на СП 2022 е во група со Србија, со, Швајцарија и со Камерун.