Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Британската влада размислува да го отстрани Ендрју од линијата на наследство на тронот

/

пред 232 дена

Сподели преку :

Британската владата размислува да предложи закон со кој Ендрју Маунтбатен-Виндзор ќе биде отстранет од линијата на наследство на тронот на Обединетото Кралство

Ваквата одлука, која целосно би ја елиминирала можноста Маунтбатен Виндзор да стане Крал, би била донесе по завршување на полициската истрага.

Братот на Кралот Чарлс Трети и натаму е осми за наследство на тронот иако веќе ги изгуби сите свои титули, вклучувајќи ја и таа на „Принц“, минатиот октомври по притисокот заради неговите врски со финансиерот педофил, Џефри Епстин.

Синоќа, Маунтбатен Виндзор беше ослободен од притвор, 11 часа откако беше приведен заради сомневањата за злоупотреба на службената должност.

Сепак, истрагата против Ендрју не е запрена.

Во текот на денот, полициски возила влегуваа и излегуваа од „Кралска Ложа“ (Royal Lodge), вилата со 30 соби каде Ендрју живееше долги години.

Според информациите на британските медиуми, во еден миг, повеќе од 20 возила биле паркирани кај вилата.