Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Британскиот премиер повторно повика на деескалација на конфликтот меѓу Израел и Иран

/

пред 491 дена

Сподели преку :

Британскиот премиер Киер Стармер повторно истакна дека е неопходна деескалација на конфликтот меѓу Израел и Иран, јави ДПА.

Стармер денеска попладне разговараше со престолонаследникот на Саудиска Арабија, принцот Мохамед бин Салман, додека шефот на британската дипломатија Дејвид Лами го посвети денот на разговори со свои колеги од Блискиот Исток и од други делови на светот. Овие дипломатски активности на Лондон доаѓаат по ноќешните ирански одмазднички удари врз Израел.

Во соопштението на британската влада се наведува дека Стармер и бин Салман разговарале за „длабоко загрижувачката ситуација на Блискиот Исток“ и се согласиле дека деескалацијата е неопходна. „Премиерот информираше за неговите досегашни разговори со партнери и потврди дека Обединетото Кралство е подготвено наредните денови тесно да соработува со своите сојузници во поддршка на дипломатско решение“, стои во соопштението.

Иранските државни медиуми претходно денеска објавија дека Техеран ги предупредил САД, Велика Британија и Франција да не му помагаат на Израел во обидите да ги спречи иранските напади.