Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Британското разузнавање објави зошто Русите толку многу го напаѓаат Азовстал

/

пред 1613 дена

Сподели преку :

Британското Министерство за одбрана објави нов извештај на своите разузнавачи за војната во Украина.

Во него се наведува дека руските сили продолжуваат да ја напаѓаат фабриката за челик Азовстал не само од воздух, туку и од копно, и покрај руските тврдења дека таа само ќе ја блокира.

„Засилената кампања за заземање на Азовстал и завршување на освојувањето на Мариупол веројатно е поврзана со претстојните прослави на Денот на победата на 9 мај или желбата на Владимир Путин да постигне симболичен успех во Украина“, се вели во извештајот.

Сопругата на командант Азов: Се слушнавме, звучеше како да се збогува

„Овој обид скапо ја чини Русија во однос на работна сила, опрема и муниција. Се додека украинските сили даваат отпор во Азовстал, руските сили ќе продолжат да акумулираат загуби, што ќе има последици за нивните оперативни планови на југот на Донбас“, се вели во извештајот.