Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Бројот на жртви на „Борис“ се искачи на 15 – Виена парализирана, Будимпешта под опасност од поплава, состојба на катастрофа во Полска

/

пред 765 дена

Сподели преку :

Бројот на жртви на поплавите во централна и источна Европа што ги донесе циклонот „Борис“ се искачи на 15. Станува збор за најголемите поплави во последните две децении на подрачјето од Австрија до Романија.

Сообраќајот во Виена е делумно запрен, училиштата работат според под услови на вонреден режим, голем број на улици се запрени, а до некои згради може да се стигне само со чамец, јавуваат медиумите во Австрија.

Австрија е погодена од големи врнежи на дожд, какви што во средна и источна Европа ги донесе циклонот „Борис“. Најтешка е ситуацијата во покраината Долна Австрија која во неделата беше прогласена за подрачје на катастрофа.

Шест луѓе се повредени во австриската престолнина, стотина се спасени во Долна Австрија.

Во Чешка се евакуирани над 12.000 луѓе, а повеќе од четвртина од домаќинствата се без електрична енергија, пренесува „Ројтерс“.

Поплавите во Романија однесоа шест човечки животи, а во Австрија настрадаа пожарникар и на двајца мажи на возраст од 70, односно 80 години.

Агенцијата ПАП објави дека пет лица во Полска загинаа во поплавите. Невремето одзеде и еден човечки живот во Чешка, додека седум лица се водат за исчезнати.

За пораст на водостојот на Дунав се подготвува и словачката престолнина Братислава.