Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Бројот на жртвите од земјотресот во Јапонија достигна 100

/

пред 1024 дена

Сподели преку :

Бројот на жртвите од земјотресот со јачина од 7,6 степени, кој ја потресе Јапонија на првиот ден од новата година, достигна 100, објави ДПА, повикувајќи се на локалните власти.

Уште 211 луѓе се водат како исчезнати во најтешко погодената префектура Ишикава.

Владата испрати војници за да помогнат во пребарувањето и спасувачките операции. Покрај потрага по исчезнатите, се работи и на расчистување на урнатините, поправка на уништените патишта и на другата оштетена инфраструктура.