Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Бугарија бара од ЕУ двегодишно одложување, пред целосно да запре увозот на руска нафта

/

пред 1611 дена

Сподели преку :

Претседателот на Комитетот за енергетика на Народното собрание на Бугарија, Радослав Рибарски, за „бТВ“ изјави дека Бугарија бара од ЕК за две години да се одложи запирањето на увозот на руска нафта.

Како што пренесува дописникот на МИА од Софија, Рибарски изјави дека засега нема официјален одговор од Европската комисија на барањето на Бугарија. Доколку не се добие одложување, Бугарија може да стави вето на заедничката одлука.

Бугарија е категорична дека ќе се бориме до последен здив за да добиеме одложување.

Како што потсетува дописникот на МИА од Софија, со предложениот ш ести пакет санкции против Русија, ЕК предвидува постепено прекинување на увозот на руска нафта до крајот на годинава.