Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Бугарија од денеска нов член на Еврозоната

/

пред 280 дена

Сподели преку :

Денеска Бугарија ѝ се придружи на зоната со единствена валута, што е значајна пресвртница во нејзината евроинтеграција и покрај одредена доза негодување во самата земја.

Бугарија го воведува еврото во услови на политичка криза

Самопрогласената „единствена патриотска партија во Бугарија“ Преродба (Вазраждане) организираше протести против усвојувањето на еврото, тврдејќи дека ќе го поткопало националниот суверенитет и ќе му наштетело на животниот стандард.

Портпаролот на ЕК, сепак, потврди дека одлуките за пристапување на Бугарија во еврозоната се конечни и не можат да се поништат.

Кон средината на декември, бугарската влада предводена од премиерот Росен Жељазков поднесе оставка поттикната од јавниот гнев поради нејзините економски политики и очигледниот неуспех во справувањето со широко распространетата корупција.

Претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард, изјави дека приклучувањето на Бугарија кон еврозоната е доказ за способноста на Европа да соработува и да се спротивстави на меѓународните предизвици.

Фото: Протести во Бугарија против корупцијата, не го сакаат еврото и бараат фер избори

Б.С.