Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Бугарија уапси седум лица под обвинение за логистика на терористичкиот напад во Истанбул

/

пред 1415 дена

Сподели преку :

Седум осомничени лица за вмешаност во терористичкиот напад во Истанбул се приведени во Бугарија, јавија тамошните медиуми.

Според бугарска Нова ТВ, тројца од приведените се државјани на Молдавија, додека еден имал арапско потекло, но не е наведено кое.

Сите уапсени се обвинети за помагање на осомничениот за нападот кој турските власти ѝ го припишаа на борците на курдската работничка партија (ПКК) и на нејзините сојузници во Сирија, соопшти Обвинителството во Софија.

„Пет луѓе се обвинети за помагање, еден од осомничените сторители на нападот да побегне“, изјави Сијка Милева, портпаролка на главниот обвинител на Софија, за АПФ.

Таа додаде дека нивната улога била „логистичка“ и оти Обвинителството побарало притвор за четворицата уапсени.

Нападот во Истанбул се случи минатата недела на пешачката улица Истиклал, кога во експлозија на бомба загинаа шест лица, а 81 беа повредени.