Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Бугарски авион Спартан полета кон Македонија по пет тешко повредени лица

/

пред 585 дена

Сподели преку :

Авионот Спартан на бугарското воено воздухопловство, по налог на бугарскиот премиер Росен Жељазков, полета за Македонија. Со него од Скопје ќе бидат превезени пет лица тешко повредени во пожарот во дискотеката во Кочани во бугарските болници, пренесува агенцијата БТА.

Во авионот патуваат бугарски медицински тимови, составени од лекари на интензивна нега и специјалисти за изгореници. Повредените ќе бидат сместени на специјализирани одделенија за изгореници во болниците во Софија и Варна.

Претходно шест амбулантни возила со шест екипи тргнаа од Бугарија кон Македонија, известија за БТА од Центарот за итна медицинска помош – Софија.

Бугарија ја понуди својата помош во форма на третман за повредените во пожарот, соопшти претходно денеска Жељазков.

Во целосна готовност се клиничките бази во Софија, Варна и Пловдив – клиниките за изгореници при Универзитетскиот болнички медицински центар „Н. И. Пирогов“, болницата Варна при ВМА – МЛД, „Св. Ѓорѓи“ – Пловдив, како и бугарското воено воздухопловство кое ќе ги превезува оние на кои им е потребно лекување, посочуваат од Министерството за одбрана.