Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Бугарски брод удри во бетонски ѕид во Дунав во Австрија, повредени 17 лица

/

пред 937 дена

Сподели преку :

Вкупно 17 лица се повредени кога бугарски брод за крстарење во текот на ноќта удрил во бетонски ѕид на реката Дунав во градот Ашах, на северот на Австрија, соопшти денеска локалната полиција.

Околу 160 патници се наоѓале на бродот кој патувал од Баварија, Германија кон австрискиот град Линц, кога удрил во бетонски ѕид во зона на преводница, изјави портпаролот на полицијата во блискиот град Ефердинг.

За несреќата со брод за крстарење на Дунав синоќа во 22 часот била алармирана и итната помош, а на терен биле голем број спасувачи и полицајци, јави австриската агенција АПА.