Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Бугарскиот Парламент повторно заседава во обид да избере претседател

/

пред 690 дена

Сподели преку :

Бугарските пратениците денеска ќе направат нов обид за избор на претседател на 51-то Народно собрание, јави БТА.

Преминуваме кон нов круг на предлози и нивно гласање според усвоените процедурни правила, изјави Силви Кирилов, кој како најстар пратеник претседава со седницата.

Вчера пратениците не успеаја да изберат претседател на парламентот ниту по седмиот обид. Ниту еден од двајцата кандидати што стигнаа до гласањето – Раја Назарјан (ГЕРБ-СДС) и Силви Кирилов (Има таков народ), не доби доволно гласови.

Пред почетокот на денешната седница, лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, најави во парламентот дека ја повлекуваат кандидатурата на Раја Назарјан за претседател на Народното собрание.