Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Бундестагот ќе гласа за Фридрих Мерц – Германија денеска треба да добие нов канцелар

/

пред 531 дена

Сподели преку :

Претседателот на Христијанско-демократската унија на Германија (ЦДУ), Фридрих Мерц денеска треба да биде избран за нов канцелар на Германија. Се очекува тој да ја добие неопходната поддршка во Долниот дом на парламентот, откако неговите конзервативци од СДУ/ЦСУ постигнаа коалициски договор со социјалдемократите.

За да биде избран, Мерц во првиот круг на гласање мора да добие т.н. канцеларско мнозинство, најмалку 316 гласови. Мерц ја презема власта откако во ноември минатата година пропадна трипартитната коалиција на канцеларот во заминување, Олаф Шолц.

Германскиот коалициски договор предвидува планови за заживување на економијата, како што се намалување на даноците на корпорациите и намалување на цените на енергијата. Исто така, коалицијата ветува силна поддршка за Украина и поголеми средства за војската.