Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Бунтовниците во Сирија именуваа премиер на преодната влада

/

пред 679 дена

Сподели преку :

Мухамед ал-Башир е именуван за премиер на преодната сириска влада до 1 март во 2025 година, речено е во телевизиско обраќање. Тој беше на чело на бунтовничката влада на Националец спас за северозападна Сирија до молскавичната офанзива со која беше соборен сирискиот претседател Башар ал Асад од власт.

Два извора блиски до бунтовниците рекоа дека командата на бунтовниците им баредила на своите борци да се повлечат од градовите и распореди се полициски сили и интерни единици за безбедност поврзани со Хајат Тахрир ал Шам, главна бунтовничка група во сојузот на милиции кои го урнаа Асад.

Во Дамаск сè уште владее славеничко расположение. Премиерот во владата на Асад, Мохамед Јајали во понеделникот се согласи на предавање на власта на владата на спасот, која ја предводат бунтовниците, со седиште на териротија што ја контролираат бунтовниците во северозападна Сирија.

Главниот командант на бунтовниците Ахмед ал-Шара, познат како Абу Мохамед ал-Голани се сретна со Јајали и потпретседателот Фаисал Мекдад на разговори за преодната влада, изјави извор запознат со преговорите за „Ројтерс“.