Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Бурни реакции откако стапија на сила 25 отсто царини за алуминиум и челик воведени од Трамп

/

пред 586 дена

Сподели преку :

Одлуката на САД за 25 отсто царини на целиот увезен челик и алуминиум од сите земји во светот стапија на сила, со што дополнително се разгоре трговската војна со најголемите сојузници на САД. Во објаснувањето на американската администрација се вели дека целта на царините е да се стимулира домашната производствена индустрија за челик и алуминиум, но критичарите предупредуваат на зголемени цени за потрошувачите, што се заканува да ја наруши економијата. 25 отсто царини предизвикаа бурни реакции, а изземени не останаа  ниту Велика Британија и Австралија.

Европската унија има подготвено одговор, но исто така е отворена за постигнување договор прифатлив за сите страни. Претсетдателката на Европската Комисија Урсула Фон дер Лајен изјави дека ваквите мерки ќе предизвикаат бројни гео-економски и политички несигурности, и дека Европската Унија ќе дејствува да ги заштити потрошувачите и бизнисот.

„Европската унија мора да дејствува за да ги заштити потрошувачите и бизнисот. Контрамерките што ги преземаме денес се силни, но пропорционални. Бидејќи САД применуваат царини во вредност од 28 милијарди долари, ние одговараме со контрамерки во вредност од 26 милијарди евра. Ова се совпаѓа со економскиот опсег на тарифите на САД. Нашите контрамерки ќе бидат воведени во два чекора, почнувајќи од 1-ви април и целосно во сила од 13-ти април. Во меѓувреме, секогаш ќе останеме отворени за преговори“ изјави Урсула фон дер Лајен, претседател на Европската комисија.

Австралија ја нарече одлуката “неоснована”, додека австралискиот премиер Ентони Албанесе изјави дека американските царини за челик и алуминиум се неоправдани, но неговата влада нема да возврати со царини.

„Одлуката на САД да воведат царини за австралискиот челик и алуминиум како дел од глобалната одлука е загрижувачка. Беше предвидено дека ниту една земја без оглед на односите со Соединетите држави не доби изземање. Таквата одлука на администрацијата на Трамп е целосно неоправдана“ изјави Ентони Албанесе, премиер на Австралија.

Канада најави контрамерки, високиот комесар Ралф Гудејл  рече дека земјата ќе воведе царини за одредени производи на американскиот пазар кои ќе бидат особено погодени и дека нема да се дозволи народот да биде жртва на американските политики.

Реакции пристигна и од кинеското министерство за надворешни работи кое соопшти дека ќе ги преземе „сите неопходни мерки“ за да ги заштити своите права и интереси. Според кинеските власти одлуката на САД ги прекршува правилата на Светската трговска организација.

Воведените американски царини може да ја поткопаат светската економската стабилност, а се очекува САД да се соочи со побавен раст на економијата во иднина предвидуваат експертите.

Теа Димковска