Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Цела недела се чисти отпадот од опожарениот стан во Штип

/

пред 1436 дена

Сподели преку :

По речиси една недела од пожарот на штипската улица Широк Дол се чисти станот кој целиот беше опожарен. Вработените на штипски Исар веќе неколку дена го исфрлаат отпадот, а само денеска имаат исфрлено приколици со изгорена покуќнина, картони и пластика. Станарите велат дека општинска комисија ја утврдила штетата и на соседните станови.

Станарката која наверојатно од небрежност го предизвикала пожарот е сместена на одделот за психијатрија во штипската болница, но останува неизвесно каде ќе биде згрижена по завршување на хоспитализацијата, бидејќи досега до Центарот за социјални работи нема поднесено барање од блиски роднини за нејзино згрижување. Од 2014-та година е корисник на пензија, со што делувањето на Центарот е ограничено.

Викторија Димитрова Јованова