Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Цените во Македонија споредено со региoнот речиси исти, но просечната плата далеку најниска

/

пред 1585 дена

Сподели преку :

Граѓаните од вчера со соочија со новиот ценовен шок откако Владата не ги продолжи превентивните мерки со кои беа ограничени маржите и ДДВ-то а цените на некои основни продукти веднаш беа покачени.

Кризата која ја предизвика војната во Украина како и пандемијата на Ковид -19 предизвика ценовен шок во целиот свет и најмногу се одразува на цената на струјата, горивата и гасот.

И во регионот се бележи зголемување на цените оосвен во случаи каде што на сила се превентивни мерки и тие се замрзнати.

Ако се спредат цените на основните продукти во Македонија со Босна и Херцеговина и Србија може да се забележи дека имаме речиси најскапо масло за јадење и најефтино гориво.

Но мора да се напомене дека според статистичките податоци, просечната плата во месец март во Босна и Херцеговина е 558 евра а во Србија 636 додека во Македонија е 505 евра, што значи дека граѓаните во старт се посиромашни за 50 односно 130 евра споредено со двете држави.

Цената на лебот во Македонија се движи меѓу 35 и 45 денари, во Србија е речиси 10 денари пониска а во Босна и Херцеговина варира. Месото е на ранг со Србија додека во Босна и Херцеговина е далеку повисоко, а маслото за јадење кое сега се продава за 155 денари за еден литар е далеку поскапо од Србија каде е до 120 денари и за нијанса поевтино од Босна и Херцеговина. Во Македонија килограм брашно се продава најскапо – 58 денари а најефтино е во Србија каде максималната цена достигнува 42 денари. Цените на млекото се речиси исти и се движат околу 60 денари додека во Македонија цената на литар дизел гориво е најниска во регионот.

леб Масло за јадење месо млеко брашно Гориво (дизел)
Македонија 35 – 45 ден 155 ден 320 ден (свинско) 56 – 70 ден 58 ден 97.5 ден
Србија 24 – 35 ден 99 – 120 ден 288-340  ден (свинско) 59 ден 35-42 ден 106 ден
Босна и Херцеговина 30 – 80 ден 171 ден 540 ден (свинско)
360 ден (пилешко)
65 ден 50 ден 103 ден

 

Сепак мора да се нагласи  дека цените на месото, брашното и маслото за јадење во Србија се замрзнати на нивото од 15 ноември минатата година

Завчера Владата одлучи да го врати ДДВ за основните производи  на 5 отсто, но  и повисоките маржи за трговците.  ДДВ от за горивата  повторно е 18 отсто , а нема повеќе ниту пониска акциза.  Овие мерки беа донесе во март  како превенција од поскапување,  но нивната важност истече, а од Владата со кусо соопштенија најавија дека ќе има таргетирани мерки без да прецизираат што тоа значи.

Огнен Чанчаревиќ