Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Чачарова Илиевска: Не чувствувам одговорност да поднесам оставка, интерпелацијата е преседан

/

пред 603 дена

Сподели преку :

Интерпелацијата на 5-те членови на судскиот совет избрани во Собранието е дискриминаторски бидејќи е нарушена еднаквоста на сите членови, а дополнително станува збор за барање на колективна, а не индивидуална одговорност, изјави денеска Тања Чичарова Илиевска која истиот одговор го испратила и во Собранието каде е отворена постапката.

Таа не чувствува одговорност за да даде оставка додека членот на Судскиот Совет Миљазим Мустафа вели дека треба да се почека крајот на собраниската процедура од која очекува позитивен исход.

Парламентарнот мнозинство предводено од ВМРО-ДПМНЕ поднесе интерпелација за 5 од вкупно 13 членови на Судскиот Совет откако не го прифатија годишниот извештај на Советот кој според нив е најдоговорен за состојбата во судството.