Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Чавушоглу оди во Израел, прва посета по 15 години

/

пред 1596 дена

Сподели преку :

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу в среда ќе го посети Израел. Ова ќе биде прва посета на турски министер за надворешни работи во Израел во последните 15 години. Веќе некое време двете земји продолжуваат да ги обновуваат своите односи, потсетува Сабах.

Чавушоглу неодамна објави дека планира да го посети Израел на 25 мај за да се сретне со израелскиот колега Јаир Лапид. Чавушоглу планира да ги посети и палестинските територии,  ден пред посетата на Израел.

Во последните недели Турција и Израел работеа на зајакнување на долгогодишните врски, а енергијата се појавува како потенцијална област за соработка.