Лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски чека власта да утврди датум и покана кога да се состане работната група за изборите, кои, како што рече, ВМРО-ДПМНЕ ќе ги испочитува и ќе присуствува на состаноците.
Мицкоски, повикувајќи се на информација која ја имал дека премиерот Димитар Ковачевски, лидерот на ДУИ, Али Ахмети и првиот вицепремиер, Артан Груби, денеска требало да имаат заеднички работен ручек, рече дека очекува тие да го договорат даумот и да упатат до опозицијата покана за средба.











