Чешката полиција соопшти дека напаѓачот на Универзитетот во Прага е 24-годишник од село на 21 километар од главниот град. Полицијата додаде дека и таткото на осомничениот Давид Козак е пронајден мртов.
На прес-конференција попладнево во Прага е соопштено дека 15 луѓе се убиени, а 24 повредени во крвавиот напад. Притоа беше неведено дека напаѓачот, најверојатно, бил инспириран од слични од слични масакри кои што се случиле во странство.
„Масовното пукање на Карловиот универзитет не е поврзано со тероризам“, истакна чешкиот министер за внатрешни работи, Вит Ракушан.











