Двајца повредени во сообраќајката која попладнево се случи на раскрсницата пред македонското собрание.
Во СВР Скопје некоја минута по 16 часот било пријавено дека на крстосница ул.”11.Октомври” со ул.”Даме Груев” во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу четири патнички возила.
По незгодата возачот на “аудито” и возачот на пежото биле пренесени во болница. Едниот во болницата “Св.Наум Охридски”, а другиот бил однесен на клиничкиот центар за укажување помош, соопштуваат од МВР за Телма.
– На 16.11.2024 во 16.07 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница ул.”11.Октомври” со ул.”Даме Груев” во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило “пежо” со скопски регистарски ознаки, управувано Г.Ц., патничко возило “ауди” со скопски регистарски ознаки, управувано од Х.П. и патничко возило “фолксваген голф” со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.Б.. По незгодата, возачот Г.Ц. бил пренесен во Градската општа болница “Св.Наум Охридски”, а возачот Х.П. бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза” за укажување помош, соопштуваат од МВР.











