Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Четири лица се задржани во врска со убиството во Кавадарци – издадена наредба за обдукција на починатиот

/

пред 410 дена

Сподели преку :

Четири лица се задржани во врска со убиството што рано утрово се случи пред казино во Кавадарци. Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци врши увид на лице место во казиното каде што настанал инцидентот. Се прибираат траги и докази, а издадена е наредба за обдукција на починатиот и се преземаат и други дејствија, потенцираа од Јавното обвинителство, пренесува МИА.

Едно лице, родено 1982 година, било убиено при тепачка пред казино во Кавадарци. Информација ја потврди доктор Антоан Паракеов, раководител на Службата за итна медицинска помош.

„Точно е. Имаше убиство при тепачка, утринава околу пет часот, пред казино. Станува збор за смртоносни повреди на глава. Наша екипа доби повик и веднаш беше на лице место, но, констатира дека лицето беше починато, без знаци на живот“, појасни докторот.

Добил смртоносни повреди на главата – утрово убиено едно лице пред казино во Кавадарци