Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Четири пожари се активни во моментот, вчера гореше на 27 места низ Македонија

/

пред 1154 дена

Сподели преку :

Четири пожари се активни во државава, вчера ги имаше 27, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Во моментот, според ЦУК, гори кај селата Горно Количани и Драчевица во Општина Студеничани каде е зафатена мешана шума, во село Орланци во Општина Арачиново каде гори ниска шума и во село Мелница во Општина Велес со зафатени борова шума и сува трева.

Од ЦУК додаваат дека во изминатото деноноќие се изгаснати 24 пожари, во општините Студеничани, Битола, Прилеп, Кривогаштани,  Крушево, Струмица, Радовиш, Струга, Дебар, Велес, Неготино, Кочани, Куманово, Липково, Брвеница и Гостивар. Пожарите биле на локации со сува трева, ниска шума, стрништа, депонии, итн.