Аларм за чист воздух и повици за одговорност за загдувањето од Вардариште, побараа жителите на општина Аеродром и од овој протест. Тврдат дека депонијата често гори и безмалку секоја вечер се чувствува чад и смрдеа. Сериозно се загрижени за последиците по здравјето.
Покрај повиците за одговнорст локалните жители испратија и предлози за решение на проблемот со депониите:
Оградување и заштита на депониите за да се спречи ширење на токсични честички
Чистење и делумно расчистување на постојните депонии,
Затворање или дислокација на најголемите и најопасните депонии,
Обезбедување на редовно следење и инспекција на сите депонии,
Основно право на чист воздух, кое според нив е систематски игнорирано.
Жителите на Аеродром подолг период алармираа за загадениот воздух, но чашата ја прели пожарот на дивата депонија Вардариште, кој предизвика сериозни последици а општината ја остави неколку часа без струја поради прекин на електричната мрежа.
Симона Петровска











