Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Членките на ЕУ да бидат подготвени летово за пандемиски бран наесен и во зимата

/

пред 1537 дена

Сподели преку :

Стела Киријакидес, Комесарката на Европската комисија за здравје и безбедност на храна, ги повика 27-те земји-членки на Унијата да го искористат летото за да се подготват за нов бран на инфекции со коронавирус во есен и зима.

„Летните месеци мора да се искористат за да се преземат неопходните активности во јавното здравство за следната фаза на пандемијата во есен и зима“, изјави таа.

Луѓето конечно после две години може слободно да уживаат во летото, но сепак треба да има некое ограничување за да нема голем број на позитивни случаеви од есен.

Киријакидес повика на зголемени напори за примена на првите дози и дополнителни вакцини (т.н. бустери), потоа за подготовка на идната кампања за вакцинација против варијанти на  омикрон и за следење и тестирање во текот на целата година.

Здравствените власти треба да имаат се подготвено за безбедно враќање на работа и на училиште по летниот распуст, нагласи таа.