Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Чупеска и Михајлова неприфатливи за Филков

/

пред 561 дена

Сподели преку :

Министерот за правда се надева дека Социјалдемократите ќе се преиспитаат и ќе номинираат нови имиња за работната група што ќе работи на реформи за правосудството, според договорот на тет-а -тет средбата Мицкоски со Филипче.

Предлогот, во работата да учествуваат потпретседателката Ана Чупеска и Ана Михајлова Стратилати, за него не е добар и нема да донесе добри решенија. Причината е што и двете беа дел од групата која во 2023 година ги правеше уставните измени.

Во работната група за енергетика, од СДСМ ги предлагаат Виктор Андонов, Славе Ивановски и Симон Узунов.

Согласно договорот, нивни експерти треба да се приклучат кон веќе постоечките работни групи за реформската агенда во повеќе сектори, но како приоритетни е договорено да бидат правосудството и енергетиката.

Соработка треба да имаат и за реформската агенда од Планот за раст во која, во  првата група се и закони од областа на здравството, културата и дигитализацијата.

Од владата само потврдија дека се стигнати предлозите и дека ќе ги проследат до надлежните министерства, од каде очекуваат да се воспостави и продолжи идната комуникација и соработка.

Далиборка Демјанска Цветановска