Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Црна Гора во политички ќор-сокак- граѓаните на протести

/

пред 1400 дена

Сподели преку :

Црна Гора протестира поради политичката тензија

Продолжуваат протестите во Црнагора против одлуката да му се одземе одлучувачката улога на претседателот во назначување на премиерот. Спорниот закон беше изгласан минатиот понеделник од 41 пратеник во 80-члениот парламент.

Црна Гора е парализирана од повеќемесечната владина криза која го закочи процесот на интеграција на земјата за членство во Европската унија.

Владата на Црна Гора падна со гласање за недоверба во август и оттогаш земјата е во политички ќор-сокак.

Политичката криза во Црна Гора предизвика загриженост за нестабилност додека беснее војната во Украина.

Откако стана независна во 2006 година Црна Гора остана длабоко поделена меѓу прозападните и просрпските и проруските групи.