Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Црната завеса над Тетово остана, но огнот е ставен под контрола – ќе се трага по одговорите како настана пожарот во фабриката

/

пред 1588 дена

Сподели преку :

Црна завеса над Тетово. Уште на автопатот нè пречека густиот и задушлив чад во Полошката котлина. Сликата цел ден е ваква, а главната борба падна на грбот на пожарникарите, внатре во реновираните простории на фабриката некогаш позната како „Македонија Табак“, а сега во приватна сопственост. Неколкумина од Пожарна вдишиле чад во пеплосаните простории, па имаа потреба од лекарска нега. Човечки жртви за среќа нема и со тоа е избегната нова трагедија во Тетово. Во меѓувреме, огнот е ставен под контрола.

Телефоните во Пожарна заѕвонеле рано наутро во девет часот. Тетовските пожарникари веднаш излегле на терен. Но, нивната опременост и бројност не била доволна за обемот на целата операција, па на помош пристигнале и пожарникари од другите градови. Додека тие од земја се справуваа со пламенот, од небо два хеликоптери, едниот на МВР, а другиот на АРМ им ја олеснуваа работата.

Сите информации од надлежните наведуваат на тоа дека понатамошна опасност за Тетово не постои, затоа што целодневната борба со пожарот – даде резултат.

Никој од службените лица не сака да шпекулира ниту да каже некаква првична информација околу причините и околностите во кои настанал пожарот. Ќе се чека на резултатите од увидот и официјалниот став на институции за да се добијат одговорите.

Петар Догов