Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ЦУК: Пожарот кај Богданци на местото викано Брдаров камен локализиран

/

пред 1173 дена

Сподели преку :

Центарот за управување со кризи информира дека пожарот западно од Богданци кај местото викано Брдаров камен во моментов е ставен под контрола.

Според информациите од терен во овој регион со пожар беше зафатена нискостеблеста шума, прнар и сува трева.

Сепак дел од пожарникарите остануваат будни и ја следат ситуацијата бидејќи на одредени места повторно се распламнува.

Од ЦУК информираат и дека во моментов во гасење на пожарот нема потреба од користење на воздухоплови.