Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Царина: Луксузен „Мерцедес-Мајбах“ регистриран и пуштен во промет со фалсификувани документи, кривична против девет лица, меѓу нив и цариници

/

пред 211 дена

Сподели преку :

Царинската управа поднесе кривична пријава до ОЈО ГОКК против девет лица, откако било утврдено дека луксузно возило „Мерцедес-Мајбах“ во 2023 година е регистрирано и пуштено во промет со фалсификувани документи, со буџетот бил оштетен за 1,9 милиони денари. Со пријавата со ОЈО ГОКК се опфатени и две правни лица.

„Во случајот, увозникот, сега првоосомничен го набавил возилото во Германија и го внел во државата, по што се упатил кон царински терминал за спроведување на постапката за царинење. Царинскиот застапник, управител во шпедиција, сега второосомничен, со умисла да бидат наплатени помали увозни давачки, изготвил фалфисикувана фактура со пониска вредност и фалсификуван доказ за потекло со што би се овозможил преференцијален третман, односно царината да биде ослободена од плаќање. Потоа ги лажирал и останатите документи при што во делот на регистарски таблички ги внел оние што биле во важност пред увозникот да го купи возилото во Германија, а податоците за увозникот ги изменил со други. При увозно царинење на возилото наместо 3,9 милиони денари биле наплатени два милиона денари и со посредство на тројца царински и еден полициски службеник, возилото со фалсификувани документи било пуштено во слободен промет и регистрирано“, се наведува во соопштението на Царина.

Од Царина додаваат дека царинските службеници кои се опфатени со кривичната пријава, се товарат за слични дела и во други кривични пријави поврзани со увози на автомобили и истите се отпуштени од работа минатата година.

„По однос на утврдените избегнати давачки во конкретниот случај, изготвено е решение за дополнителна наплата, при што наплатени се 2,5 милиони денари, од кои 1,9 милиони денари на име на основен долг и 600.000 денари на име на камати.

Царинската управаинформира дека започна со опсежни истраги на увоз на автомобили во октомври во 2024 година. Притоа, во период од година и пол, Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе вкупно 51 кривична пријава против 110 правни и 396 физички лица за криминал поврзан со 180 употребувани возила. Станува збор за кривични дела извршени во периодот од 2022 до 2024 година, со кои е нанесена директна штета врз Буџетот во износ од 41 милион денари.