Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Царината заплени 204 банкноти и монети, што биле наменети за колекционерски цели

/

пред 402 дена

Сподели преку :

Запленети се 204 банкноти и монети за колекционерски цели, чија вредност е проценета на 700 илјади денари. Случајот е откриен од страна на царинските службеници на Меѓународен Аеродром Скопје, при контрола на патник, државјанин на САД, соопшти Царинската управа.

  • Патникот иако со себе носел поголема количина пари за колекционерски цели се упатил на зелениот канал. Поради сомневање бил селектиран на детална контрола, при што во двата куфери и во торбите што ги носел со себе биле откриени банкноти и монети за колекционерски цели, стои во соопштението.

Против патникот е поведена соодветна постапка до надлежен суд. Апелираме дека сите патници имаат законска обврска да ги пријават вредносните предмети при влез и излез од државата.