Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(фото)Царинска управа: На Меѓународниот аеродром Скопје откриени непријавени 150 илјади британски фунти

/

пред 217 дена

Сподели преку :

Царинските службеници на Меѓународниот аеродром Скопје, при контрола на патник, странски државјанин, кој патувал кон Лондон, открија 150 илјади британски фунти кои не биле пријавени согласно законските обврски.

Согласно Законот за девизно работење, на патникот му биле вратени девизи во противвредност од 10 илјади евра, додека преостанатите 141.315 британски фунти се привремено задржани.

Против него е поднесена соодветна прекршочна пријава.

Царинската управа континуирано спроведува активности насочени кон откривање и спречување на нелегалниот прекуграничен пренос на готовина, со што директно придонесува во борбата против финансискиот криминал.