Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Цената на парното засега останува иста – нова одлука регулаторот ќе носи во октомври

/

пред 435 дена

Сподели преку :

Првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимовски соопшти дека  цената на топлинската енергија во Скопје засега останува иста. Нема никаква промена на трите системи на Град Скопје.

РКЕ ги анализираше барањата на претпријатијата коишто ги доставија за цената. За донесување на одлука е потребна проценка на вредноста на основните средства , односно на топланите.

РКЕ сѐ уште го нема добиено извештајот од Бирото за процена. Најдоцна до октомври треба да го има извештајот и тогаш ќе се пристапи кон определување на цените. Околу цената на природниот гас, Бислимовски кажа дека има промена на фјучерсите за наредниот период во 2026 година и последниот квартал од 2025 година, имаше невообичаено големи промени за плус пет евра по мегават час. Сега се 1-2 евра пониски од таа одлука којашто е донесена во јануари.

Инаку, претходно компаниите за испорака на топлинска енергија побараа зголемување на цената од 50 отсто. Од регулаторот побарале признавање на повисоки трошоци за гас, за инвестиции, но и трошоци за вработивања кои ги направиле во изминатиот период.