Стратешката цел на Македонија е да стане членка на Европската Унија (ЕУ), а цената која ја дале македонските граѓани е толку голема што не може да се утврди, порача премиерот Христијан Мицкоски на заедничката прес-конференција со унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Притоа Мицкоски изрази надеж дека процесот ќе биде откочен и наскоро ги започнеме преговорите за членство во европското семејство. Орбан оцени дека односот на ЕУ кон Македонија е нефер и срамен.











