Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Цените на нафтата повторно скокнаa над 80 долари

/

пред 106 дена

Сподели преку :

Цените на нафтата повторно се искачија над 80 долари за барел, откако се зголеми неизвесноста околу можноста за постигнување примирје меѓу САД и Иран. Причина за растот е откажувањето на мировните разговори во Швајцарија и засилените тензии на Блискиот Исток.

Нафтата Брент поскапе за 0,64 проценти и достигна 80,36 долари за барел, додека американската сурова нафта WTI забележа раст од 1,7 проценти и се тргуваше по цена од 77,88 долари за барел. Пазарите реагираат на зголемените геополитички ризици и неизвесноста околу дипломатските напори во регионот.

Иако цените денеска се во пораст, двата нафтени индекса се на пат неделата да ја завршат со загуба од околу осум проценти. Аналитичарите предупредуваат дека секое натамошно влошување на ситуацијата на Блискиот Исток може да предизвика нови осцилации на енергетските пазари.