Стручен тим од Центарот за социјална работа во Радовиш го посетил семејството на 13 годишното девојче и разговарало со мајката која во моментот на насилството била на работа, трета смена. Таа не била присутна во домот и за случајот дознала од полицијата. Од ЦСР Радовиш велат дека ќе се направи уште едне разговор со мјаката и девојчето и во координација со полицијата од судот ќе се побараат сите мерки за заштита на девојчето.
Од ЦСР велат дека досега нема пријави за семејно насилство од ова семејство. За нив центарот досега не водел било каква постапка.
Малолетното девојче било претепано од сопствениот татко и брат, кои се на возраст од 46 и 21 година. Таа побарала помош од итната медицинска помош каде лекарите ја прегледале и забележале физички повреди по целото тело, при што случајот го пријавиле во полиција.
Случајот во полицијата е пријавен вчера утрото околу 4 часот и 25 минути. Веднаш по пријавата излегле на терен и ги привеле таткото и синот.
Полицијата го информирала и основното јавно обвинителство во Струмица. Јавен обвинител бил на увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот со семејно насилство во радовишко.
Сузана Мицева











