Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Цистерни со нафта излетаа од шини во Србија

/

пред 383 дена

Сподели преку :

Две железнички цистерни полни со нафта синоќа излетаа од шини на пругата Ваљево–Косјериќ, во близина на местото Ражана, пренесуваат српските медиуми. Инцидентот предизвика загриженост кај локалното население поради потенцијалната опасност од истекување гориво и еколошка штета.

Според информациите на порталот „Глас западне Србија“, цистерните биле поставени на крајот од товарната композиција која се движела кон Косјериќ.

Во моментот на несреќата, возот бил во движење, но не е соопштено со каква брзина се движел или дали постоеле технички проблеми пред излетувањето.

Засега е нејасно дали дошло до излевање на нафта од цистерните и кои се причините за излегувањето од шините. Надлежните служби се на терен и вршат увид.

Железничкиот сообраќај на оваа делница е во прекин до отстранувањето на цистерните.

Надлежните апелираат до граѓаните да останат смирени и да не се приближуваат до местото на инцидентот.