Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Црн екран заради финансиска „црна дупка“ – јавниот сервис на БиХ престана со емитување на програма

/

пред 226 дена

Сподели преку :

Гледачите на државната телевизија на Босна и Херцеговина (БХРТ) утрово беа пречекани со информација дека редовната програма е привремено прекината. Наместо вообичаените содржини, се емитуваат само вести според редовниот распоред, како последен аларм за драматичната финансиска состојба во која се наоѓа оваа куќа.

Раководството на БХРТ објасни дека овој чекор е изнуден поради блокираните сметки и долговите кои станаале неодржливи

Станува збор за долгот кон ЕБУ (Европска радиодифузна унија): Рокот за плаќање на долгот кон ЕБУ истекува за само два дена. Доколку не се платат 22 милиони КМ (конвертибилни марки), сметката на БХРТ ќе биде долгорочно блокирана, што значи дефинитивен крај на работата.

Потоа проблемот со Радио-телевизија на Република Српска која со години не ги префрла законски пропишаните средства од РТВ-таксата. Според податоците од 31 декември 2025 година, РТРС му должи на БХРТ повеќе од 104 милиони КМ.

Поради долгови за даноци, придонеси, струја и гас, сметките на телевизијата се под постојан притисок и секојдневни краткотрајни блокирања.

Финансиска „црна дупка“

Обврските на БХРТ во моментов изгледаат вака:

  • 56 милиони КМ за даноци и придонеси.
  • 22 милиони КМ долг кон ЕБУ.
  • 10 милиони КМ за ДДВ.
  • 2 милиони КМ за електрична енергија.