Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Црна Гора до крајот на годината воведува седумчасовно работно време

/

пред 906 дена

Сподели преку :

Министерката за труд и социјална заштита на Црна Гора, Наида Нишиќ денеска најави дека до крајот на годината во Црна Гора може да се очекува воведување седумчасовно работно време.

Таа за Радио Црна Гора изјави дека социјалните бенефиции во иднина ќе бидат поправедни, како и дека нема да има укинување на Фондот на ПИО, туку дека ќе се реформира, пренесува РТЦГ.

Нишиќ рече дека сите анализи покажале дека најголемата неправда им е нанесена на пензионерите кои својот работен век го поминале во различни земји и дека околу 3.500 пензионери од земјите од поранешна Југославија добиваат пензии кои кога ќе се соберат се пониски од просекот.