Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Загина војник, друг е повреден во гаснење на пожарите во Црна Гора – се бара помош од НАТО

/

пред 431 дена

Сподели преку :

Загина 41-годишниот Дејан Боживиќ, а водникот Марко Илковиќ е тешко повреден при гасење пожарите во Црна Гора. Тие настрадале откако се превртела цистерна со вода во реонот на Куча.

Црногорската влада побара помош од НАТО за гаснење на шумските пожари од воздух, бидејќи тие продолжија да се шират на повеќе локации, вклучувајќи го и најсериознот околу Подгорица, каде што во текот на вчерашниот ден беа изгорени неколку куќи, а повредени беа и пожарникари.

Црногорските власти одлучија да го затворат за сообраќај главниот пат Подгорица-Никшиќ, затоа што во негова должина има повеќе активни пожари.

Властите напоменуваат дека противпожарните авиони и хеликоптери работат со полн капацитет, но поради обемот на пожарите и ограничените технички можности, не можат да одговорат на сите барања.