Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Црногорскиот парламент изгласа одлука за испраќање на војници во НАТО мисија за помош на Украина

/

пред 336 дена

Сподели преку :

Црногорскиот парламент на денешната седница изгласа испраќање на црногорски војници во НАТО мисија за помош на Украина. За одлуката гласаа 44 пратеници, пет беа против, а двајца воздржани.

Одлуката ја поддржаа пратеници на Демократската партија на социјалистите (ДПС), на Движењето Европа сега (ПЕС), на Демократска Црна Гора, на Социјалдемократите, на Нова српска демократија, на Сојузот на граѓани ЦИВИС, на Албабнскиот форум, Партијата на Бошњаците и независни пратеници.

Против одлуката беа пратеници на Демократската народна партија (ДНС) и пратеникот на Обединета Црна Гора, а воздржано се изјаснија пратениците на Социјалистичката народна партија.