Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Црвената плажа на Санторини повеќе не постои – земјотресите и свлечиштата го менуваат релјефот и изгледот на грчкиот остров

/

пред 620 дена

Сподели преку :

Земјотресите на свлечиштата го менуваат релјефот и изгледот на грчкиот остров Санторини, како и на останатите во архипелагот Додеканезе. Исчезна и познатата Црвена плажа поради земјотресите што предизвикаа свлечишта. Беше позната по црвениот песок и и карпите од вулканско потекло. Многумина ја сметаа за симбол на Санторини, а сега е затворена за посетители. До неа можеше да се стигне од археолошкото наоѓалиште Акротири и од море.

Серија на силни земјотреси веќе со денови ги потресуваат островите Санторини и Аморгос. Сеизмичките уреди регистрираа многу земјотреси, најсилниот, еден од трите во низа, со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала се случи во четвртокот.

Земјотресите предизвикуваат голема загриженост, создаваат страв и паника меѓу жителите на островот. Неколку илјади луѓе се евакуирани од островот со авиони и бродови.