Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Цубалевски: Ако се затвори Ормускиот теснец, цената на нафтата може да порасне до 400 долари за барел, тоа би ја турнало светската економија во криза од невидени размери

/

пред 488 дена

Сподели преку :

Ако се затвори Ормускиот теснец преку кој се одвива 75 отсто од светската трговија со нафта, тогаш цената на нафтата може да порасне до 400 долари за барел и тоа би ја турнало светската економија во една економска криза од невидени размери, зголемена инфлација и зголемени трошоци на производство, истакна Огнен Цубалевски, генерален менаџер на ОДВ Електрик, во вечерашната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма.

„Голем ризик постои од зголемување на цената на нафтата, бидејќи веќе има зголемување од 4,5 до 5 олтсто за помалку од една недела по израелскиот напад врз Иран. Наместо духовите да се смират, сè повеќе се возбудуваат, па слушаме „Безусловна капитулација“, „Борба до смрт“, „Победа“, итн. Ние како компанија сме прилично воздржани во инвестиции во минатата и оваа година“, рече Цубалевски.