Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ЦУК: До 13 часот регистрирани 13 пожари – активни се 4, 5 се под контрола

/

пред 450 дена

Сподели преку :

Вкупно 13  пожари на отворен во Македонија  до 13:00 часот. Од нив, 4 се активни, 5 се под контрола, а 4 се целосно изгаснати информира ЦУК.

Активните пожари се регистрирани во општините Василево, Радовиш и Берово (околу селото Нивичино и Малешевските планини), Прилеп и Кавадарци (околу селата Царевиќ, Смолани, Галиште и Трстеник), како и во Крушево (Градска депонија Струнга). Пожарите под контрола се во општините Штип, Карбинци, Делчево, Прилеп и Куманово.

Изгаснати се четири пожари во општините Македонски Брод, Македонска Каменица и Струмица. Граѓаните и надлежните служби се повикуваат на внимателност и почитување на мерките за заштита од пожари.