Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека има шест активни пожари, а четири се под контрола.
Активни се пожарите меѓу селата Добри Дол и Врапчиште во Општина Врапчиште, каде гори сува трева, кај селото Копаница во Општина Сарај каде, исто така, гори сува трева, како и кај селото Магленце во Општина Старо Нагоричане.
Активни пожари има и во велешко, кај фабриката „Киро Ќучук“ и во близина на Тиквешкото Езеро, како и во битолско, поточно кај месноста викана Ергела.
Под контрола се пожарите на планината Кожуф во Општина Гевгелија, кај селото Мерово и кај селото Церово во Општина Желино и на Јасен.
Според податоците на ЦУК, до 18 часот на територија на државата регистрирани се вкупно 18 пожари од кои осум се изгаснати.











