Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ЦУК: Свлечиште на патот кон Бањиче

/

пред 283 дена

Сподели преку :

По пријава на бројот за итни повици 112, ЦУК известува дека поради обилни врнежи од дожд повторно е регистрирано свлечиште на патниот правец кон Бањиче.

Се апелира до граѓаните да не патуваат на оваа делница додека не се стабилизира состојбата и се осигура безбедноста на сообраќајот.

Општинските екипи се на терен, ја следат ситуацијата и преземаат соодветни мерки за расчистување и обезбедување на патот.

Според пријавите до ЦУК и интервенциите до 21:00 часот на 07.01.2026 година поради поплавите се регистрирани следниве последици од обилните дождови:

Гостивар – Стража: одрони на патот, сообраќајот се одвива редовно.

Тетово – Бањиче: одрони покрај коловозот кои отежнуваат сообраќајот.

С. Балин Дол: излевање на Вардар; поплавени 10 земјоделски парцели и неколку дворови; намалено производство на ХЕЦ Маврово.

С. Мало Турчане и с. Горно Бањице: излевање на Лакавичка и Сушичка река; поплавено земјоделско земјиште; општината нема соодветна механизација.

С. Форино: паднато дрво во коритото на Вардар, ризик од поплава; екипа со моторна пила на терен.

Тетово–Бањиче (Цртаниот ѕид): свлечишта и одрони; патот расчистен со багер и обележан.

Битола и околина:

С. Лера: поплава кај мостот, можно проширување кон селото.

С. Породин: поплава на живинарска фарма.
Општина Ресен (с. Перово, с. Дремени, Долна Бела Црква): поплавени дворови и земјоделски земјишта; реките не се излеани.

С. Сирхан: одрон отстранет.

Охрид и Кичево:

Охрид: поплавени подруми, гаражи и дворови; ЈП и локалната самоуправа интервенирале.
Кичево: поплавени стамбени објекти на ул. Прилепска; евакуирани 60 лица во спортската сала Христо Узунов.

Охрид – Пештани (кај хотел Гранит): одрон на патот; патот прооден, расчистување на поголеми нанос се очекува во наредни 1–2 часа.

Струга (Татеши – Мислодежда, Дебар – Струга): расчистување свлечишта и одрони.

Боговиње:
Поплави на обработливо земјоделско земјиште поради затекнат канал од изградба на автопат; нема загрозени куќи.

Сите надлежни служби се на терен и активно интервенираат за справување со последиците од обилните врнежи. Граѓаните се повикуваат да бидат внимателни и да ги следат официјалните упатства.