Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ЦУК: Успешно извлечени завеани пет малолетници од с. Рајчани

/

пред 642 дена

Сподели преку :

Снегот кој од доцна синоќа вее на целата територија на земјава утрово го предизвика и првите проблеми. Утрово околу 09.53 часот преку Единствениот телефонски повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК е добиена пријава во која било побарано помош за извлекување на пет малолетни лица и едно возрасно лице заглавени во с. Рајчани, Општина Кочани.

Во пријават стои дека тие не можат да се симнат во градот поради обилните врнежи од снег.

Од ЦУК, преку Секторот за операции и координација, веднаш е контактирано со СВР Штип, ПС Кочани и со лицето за контакт од Општина Кочани и Градоначалникот на Општина Кочани, за координирање на активностите.

Во 11.50 часот лицата се извлечени со теренско возило на член на Доброволна планинска спасувачка служба „Осогово“ од Кочани и истите безбедно се однесени и предадени на нивните родители.