Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(видео)Д-р Климент Матовски: Заразноста од Пертусис е многу голема особено меѓу децата, а клиничката слика е страшно тешка

/

пред 1005 дена

Сподели преку :

По долг период од исчезнувањето на болеста Пертусис, благодарение на вакцината ДиТеПер, во Македонија сега повторни има појава на истата, изминатиот период регистрирани се два случаи на магарешка кашлица кај деца.

Иако неколку децении не е регистриран случај со ова заболување, а земјава има добиено и сертификат од СЗО дека кај нас болеста е сузбиена сега повторно се појавуваат нови случаи.

Здравствените работници спасот од оваа болест го гледаат во вакцинирањето и апелираат до родителите да ги имунизираат своите деца.

За тоа велат сведочи фактот што во 50-тите и 60-тите години токму преку масовно вакцинирање, замјава се справи со ова заболување.

  • Ширењето, заразноста од овој вирус е ужасно голема особено меѓу детската популација, а клиничката слика е страшно тешка. Сите заразни болести на некој начин си имаат и свои природни циклуси но самиот факт дека после толку години се јавува, тоа значи, да се потсетиме на една изрека „непријателот никогаш не спие“. Овој е сигнал дека болеста е тука и дека треба да бидеме свесни што тоа значи и дека можеби би можело да биде и од пошироки размери, вели д-р Климент Матоски – пензиониран педијатар.