Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Да се тргнат настрана партиските калкулации при одлуката за уставните измени – Барбок со порака до македонските политичари пред денешната посета на Скопје

/

пред 1308 дена

Сподели преку :

Да се тргнат настрана партиските калкулации при одлучувањето за уставните измени во Северна Македонија, изјави министерката за надворешни работи Аналена Бербок, пред денешната официјална посета на Скопје. Барбок денеска ќе се сретне со државниот врв, но и опозицијата во обид да им даде поттик на уставните измени со кои Бугарите и другите заедници треба да бидат вметнати во Уставот.

„Местото на Северна Македонија е во ЕУ, исто како и на нашите останати партнери од западниот Балкан. Дека навистина го мислиме тоа, покажавме најдоцна со официјалниот почеток на пристапните преговори со ЕУ во јули 2022 година“, порача Бербок пред полетувањето за Скопје.

Таа вели дека не смеат да се изневерат очекувањата на големото мнозинство граѓани во земјата.

„Големите надежи и очекувања, кои луѓето во Северна Македонија ги имаат за пристапниот процес, за нас се шанса и опасност истовремено: Опасност, затоа што би можеле да ги загубиме Македонките и Македонците за Европа, доколку како ЕУ ги изневериме нивните очекувања и покрај целиот напредок и болните отстапки кои ги направија во изминатите 17 години. Шанса, затоа што на сите учесници во процесот на проширување на ЕУ им е јасно за што всушност се работи: за иднина во европското семејство, за регион со стабилна добросостојба и мир, за самоопределување.“